Дестинации

Arlanda, хотелот – аеродром кој ќе Ви овозможи поинакво „ патување “

Кога дури и егзотичните плажи и старите градби претставуваат клише, а периодот за годишни одмори наближува… не значи и дека желбата за патување стивнува.

Дестинацијата која Ви ја предлагаме ќе Ве воздигне високо, ќe Ви понуди несекојдневен ентериер и ќе Ви овозможи чувство на посебност, какво што заслужувате.

Станува збор за  Arlanda Hotel Airport, хотелот во Стокхолм, кој е вграден во внатрешноста на стар Boing-747. Во внатрешноста има 25 соби, а секако, најскапа е онаа која се наоѓа на местото на кабината.

Ова место станува се поатрактивно, поради различниот начин на толкување на зборот „ одмор “, кој во последно време стана репер за журки, гласна музика, тропски коктели и егзотични предели. Ако и Вие сте во потрага по уникатното, дозволете си едно поинакво „ патување “, кое верувајте, никогаш нема да го заборавите…

Врзете ги појасите !!! Патувањето може да започне…

 

Write A Comment