Мода

Армани Приве 2012 – колекција за софистицирани и модерни жени

Шарена палета на бои и интересни шик креации се она што ја карактеризира најновата колекција на Армани Приве за претстојната сезона пролет/лето 2012 година.

Темата на оваа колекција е метаморфоза, односно метаморфозата на змиите и пеперутките, па колекцијата изобилува со креации кои како да се прелеваат од еден во друг стил. Според модните критичари, Армани овојпат се надминал во дизајнот на здолништата, кои во склоп со целосните аутфити, неверојатно добро го врамуваат женското тело.

Светлите, скоро металик бои и интересните принтови дури и на наједноставните креации им даваа неверојатна убавина и елеганција, онака како што само креации на Армани може да изгледаат.

Напиши коментар