Керозин

Arrinera Venocara – како тиква од Ноќ на вештерките:)

Arrinera Venocara

Arrinera Venocara е супер-автомобил, кој доаѓа директно од Полска. Се напојува со 6,2-литарски, средишно поставен V8 мотор кој испорачува 650 коњски сили и постигнува навистина импресивни бројки за да го оправда монструозниот мотор. Забрзување од 0-100 км/ч може да оствари во само 3,2 секунди, додека максималната брзина што може да ја постигне изнесува  340 км/ч. Тоа не е на нивото на Agera R и Veyron, но сигурно може да конкурира кај 458 Italia и MP4-12C. Карбон – фибер елементи се употребувани кај телото, како и во ентериерот на овој супер-автомобил. Наликува доста на Lamborghini, но сепак се истакнува со свои уникатни стилски линии. Ентериерот е направен со прилично квалитетни материјали, додека боите, е веќе кога сме кај боите и формите, тој изгледа како “тиква” од “Ноќ на вештерките”. За сега голем минус за полскиот ентериер, па да видиме како ќе се покаже издржливоста на шасијата и моторот.

Напиши коментар