Дестинации

Аруба – сонце, многу позитивна енергија и најубаво пиво…

Топол и пријатен ветер, многу сонце преку целата година, пријатен дожд, просечна температура од 28 °C…

Благодарение на пријатната клима и сончевите денови, овој остров е совршен за туризам ! Вљубениците во сонцето и оние кои би сакале да го проучат морскиот свет од поблизу, овде ќе наидат на повеќе необични и уникатни активности. Glasbodemboot е стаклениот брод кој Ви овозможува да се нурнете во морскиот свет, а притоа да останете суви. Тука се и подморниците преку кои ќе можете да ги набљудувате тропските риби и коралите.

Островот е долг 30 километри, а е широк 10 километри. Во Аруба се наоѓа џуџестото дрво divi divi, кое поради влијанието на пасатите се искривува, односно расте хоризонтално.Чести се и кактусите и билките алое вера.

Најубавите, бели плажи се наоѓаат на јужниот дел, а еден од најинтригантните факти за ова место е фактот дека во 19 век на ова место било откриено злато, што предизвикало радпиден прилив на Европјани. На овој остров, не е пресликана Холандија, но во него е внесен холандски дух. Особено во главниот град, Oranjestad, е изразена холандиската архитектура, преку модерните куќи со силни, пастелни бои, преубавите музеи и културни објекти кои не се во голем број. Генерално, ова е место кое нуди одличен помин. Во Аруба има голем број ресторани, кафулиња, клубови и казина. Аруба е и остров на пивото, кое идеално се поклопува во егзотичниот профил на островот, кој истовремено е и легло на рум.

 

За се друго… уверете се сами !

Write A Comment