ШоуБиз

Ashton ќе „лапне“ 700.000 долари за епизода!

Со оглед на тоа што ова му е само втора сезона по ред во популарната серија „Два и пол мажи“ во која го наследи Charlie Sheen, Ashton Kutcher на неа би можел да заработи мало богатство.

Според порталот „Deadline“ на актерите од серијалот моментално им истекуваат договорите, па се во преговори за најновата сезона. Ако се земе во предвид популарноста на серијата, продуцентите сакаат нивните актери да бидат задоволни и да останат во серијата што е можно подолго. Затоа се подготвени да издвојат необично високи хонорари.

Се шират гласини дека Ashton за секоја епизода во новата сезона би можел да заработи и до 700.000 долари, додека Jon Cryer и Angus T. Jones ќе добијат само по 300.000 долари за една епизода.

Напиши коментар