ШоуБиз

Ashton Kutcher напаѓа фотограф!?

Актерот Ashton Kuthcer може слободно да се пријави на курс за справување со бесот кај Charlie Sheen, кој откако беше исфрлен од серијата „Two and a Half Men“ заигра во „Anger Management“. Ashton е снимен како нервозно го турка на земја еден фотограф.

Видеото е снимено во средата вечерта и на него се гледа како актерот турка еден непознат дечко. Откако веројатно сфатил како сето тоа ќе изгледа на камера, актерот се вратил и го запрашал дечкото дали е во ред, па потоа и му се извинил. Од полициската станица во Санта Моника тврдат дека сеуште нема покренато кривична постапка против Kutcher.

Еве како сето тоа изгледа:

Напиши коментар