Убавина

Аспирин, мед и водка – состојки од кои косата ќе блесне

Многу често се случува домашните маски да постигнат многу поголем ефект од оние кои ќе ги платите многу поскапо. Токму такви маски ќе ви понудиме во прилог.

Наместо гел за коса – имајте на ум дека има и замена за гелот. Многу често по употребата на гел зе каеме затоа што тој е голем причинител за појава на првут. За да не дојде до тоа користете пиво. Откако ќе ја измиете косата посипете ја со пиво. Потоа исушете ја косата, и не грижете се мирисот ќе исчезне за неколку минути. Со овој трик вашата коса ќе биде лесно скротлива, а воедно и многу сјајна.

Против првут – растворете еден аспирин во вода. Нанесете ја смесата на коренот и оставете да делува барем 20 минути. По ова првутот ќе исчезне.

За да ја смирите немирната и густа коса – доволне е да сипете малку водка во шампонот. Само внимавајте да не го правите ова често, то аможе да ја исуши кожата на вашата глава.

Мед за бујна коса – доколку имате виткана коса и сакате да го зголемите волуменот доволно е да го употребите медот. Растворете две лажици мед во половина литро врела вода. Со водата прелијте ја косата по шампонирањето. Меката коса ќе се оформи многу лесно, а при то аќе добие на волумен.

Напиши коментар