Прекрасниот ресорт се наоѓа на сликовитиот Paradise Island, на 40 минутно возење од аеродромот во Nassau. Официјално е отворен во 1998 година. На островот, најпрво биле отворени Коралните кули и Кулите на плажата, а кога се изградиле и Ројалните кули, ресортот бил преименуван во Atlantis. Ројалните кули се местото кое ги има најскапите хотелски соби во светот. Овде, апартманите чинат околу 25.000 долари за една вечер.
Комплексот ги вклучува следните објекти: Кулите на плажата ( најстарата зграда ), Коралните Кули, Харборсајд ресорт ( 392 вили и ресторан), Гребенот ( најновата зграда ), Cove Atlantis ( кулата со 600 соби ).
Освен преубавата архитектура и егзотичниот сон, ова место нуди и многу адреналин и авантура…Бавни реки, тобогани, отворени морски живеалишта… За момент ќе се бидете презадоволни што се наоѓате на најлуксузното место во кое доминира динамиката, а кога ќе стивне потребата од адреналин, можете да го посетите трговскиот центар со бројни ресторани и продавници…
На крај, ќе бидете задоволни што сте ја донеле вистинската одлука, да го посетите овој неодолив ресорт…










