Вкусно јадење кое е одличен избор доколку ви се најават гости..
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
2 средни кромида
500 грама варени компири
500 грама мелено месо
50 грама презла
2 лажички семф
4 децилитри кисела павлака
Масло за јадење
Зачин
Сол и бибер
Зелена салата
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го компирот и од него направете пире.
Напомена:
Варениот компир убаво исцедете го и оставете го околу половина час малку да се засуши за да немате проблем со обликувањето на ќебапите!!!
Во меленото месо додадете ги жолчките, ситно сечканите кромиди, зачините и пирето од компири и убаво соединете ги намирниците.
Од оформената смеса направете ќебапи во големина по желба ( можете и топчиња).
Секој ќебап извалкајте го во презла, па во изматените белки и пржете на средна температура додека ќебапите не добијат златна боја.
Изматете ја павлаката со семфот и служете ја добиената смеса како гарнир со вкусните ќебапи.
Уживајте!!!