Ако кожата на телото ви е сува и има потреба од дополнителна влажност и маснотии, можете слободно да се доверите на следнава испробана рецепта.
Изберете две средно големи авокада, излупете ги и исецкајте ги ситно. Поставете ги во длабок сад и додадете неколку капки парафиново масло од апотека. Пасирајте додека не добиете густ зелен крем.
Најпрво треба да се истуширате и веднаш штом ја исушите кожата нанесете од кремот од авокадо на кожата. Обрнете повеќе внимание на лактите, колената и другите проблематични делови од вашето тело. Масирајте насекаде додека кремот целосно не се упие во кожата. После тоа измијте го телото само со вода и оставете да се исуши без бришење. Со оваа процедура си гарантирате прекрасна кожа во годините кои следат.