Убавина

Авокадото – витаминска бомба што ја регенерира оштетената коса

Поради високата концентрација на витамини, белковини, микроелементи и аминокиселини маските од авокадо се признати како ефикасен метод за регенерација на оштетената структура на косата.

Маска за нормална коса – обработете во блендер едно авокадо и додадете едно јајце и две лажици маслиново масло. Маската може да се нанесе и на сува и на влажна коса. После нанесувањето косата се замотува во најлон и крпа или пак специална шапка. Топлината овозможува хранливите материи да проникнуваат побрзо во влакното. Оставете да делува 30-40 минути и измијте со минимално количество шампон.

Маска за мрсна коса – кон смеленото авокадо додадете 50 г нискомаслено кисело млеко и 10 г мед. Оставете да делува 30 мин.

Хидратантна маска за сува коса – направете пире од авокадо и половина чаша кисело млеко и една лажица масло од жожоба. Распределете ја смесата равномерно по должината на косата и почекајте 30 минути пред да да ја измиете косата со благ шампон.

Правете си маски од авокадо барем еднаш во десет дена за да се радувате здрава, сјајна и прекрасна коса.

Напиши коментар