ШоуБиз

Аврил Лавињ остана без дечко!

Аврил Лавињ (27) и учесникот во реалното шоу „Hills“ Броди Џенер (28) почнале да се забавуваат откако пејачката се разведе од музичарот Дерек Вибиј со кој беше три години во брак. Сега, Аврил и Џенер повеќе не се заедно. Како причина за разделбата се наведува фактот што Аврил сакала повторно да се омажи, а Броди не бил спремен за пат кон олтарот. Инаку, тие двајца биле заедно скоро две години.

Броди се прослави со учеството во реалното шоу кое се прикажува на МТV каналот, а повремено се појавува и во шоуто на семејството Кардашијан, бидејќи неговиот татко Брус е оженет со мајката на сестрите Кардашијан, Крис Џенер.

Па, мора да има место и за полубратот во семејното шоу!

Write A Comment