ШоуБиз

Axl Rose ограбен во Париз!

На една приватна забава, на познатиот музичар Axl Rose ми биле украдени три ѓердани со вкупна вредност од 200.000 долари.

Пејачот одржал концерт заедно со групата „Guns’N’Roses“ на стадионот Берси во Париз, а потоа, со членовите на бендот и некои други пријетели се упатил на приватна забава.

За време на журката, му исчезнале три ѓердани од злато и дијаманти, со вкупна вредност од 200.000 долари. Сепак, сеуште не се разјаснети околностите под кои се случила кражбата, а во извештајот на полицијата пишувало дека „во времето кога се случила кражбата, пејачот немал ѓердани на себе“.

Париската полиција сеуште го истражува слуачајот.

Напиши коментар