Art & Crafts

Бабини совети за во кујна

Доколку печете колач и тој се залепил за садот и вие не можете да го извадите. Ставете го садот врз друг сад во кој врие вода околу 3 минути… Колачот ќе го извадите без проблем.

Ако правите супа или друг вид на чорба и мислите дека сте ја пресолиле, додадете ситно исечкан компир. Ќе ја ублажите соленоста.

Немојте да ја фрлате водата во која се варел компирот. Таа вода е најдобро средство за поливање на билките во домот. Листовите добиваат сјај.

Крем тортите најдобро се сечат со конец за шиење.

Правите палачинки а тие упорно ви се лепат на тавата. Бабите препорачуваат да земете пиво или шлаг од белки со малку лимунов сок и да ја измачкате тавата додека е жешка.

Кога пржите риба во тавчето ставете две половини исчистено јаболко, мирисот од пржената риба нема да се шири низ домот.

Сите го сакаме пржениот компир но ако го направиме бабиниот совет да ги увалкаме компирите во малку брашно и потоа да ги пржиме вкусот на компирите ќе биде подобар од оној на кој сте навикнати.

Write A Comment