Здраво тело

Бабински лекови кои навистина делуваат

Понекогаш, не сме ни свесни дека најдобрите лекови за одредени проблеми ни се токму „ пред нос “. Поприродни се и поефикасни се против болки и тешкотии, за разлика од било кои скапи фармацевтски производи.

Ви претставуваме неколку народни лекови кои сигурно ќе Ви помогнат доколку имате болки !

Чувствувате дека ќе се разболите ? Ви треба солена вода !

Солената вода го смирува воспаленото ткиво на грлото, го разредува слузот, а и иритациите како бактериите и алергените, брзо исчезнуваат. Гргорењето солена вода три пати дневно ја намалува респираторната инфекција и до 40%. За солена вода, измешајте половина кажичка морска сол и 2,4 dl вода.

Грчеви во стомакот ? Напијте се чај од камилица !!!

Камилицата содржи глицин кој ги намалува контракциите во долниот дел од цревата. Доколку чувствувате тежини од ваков вид, пијте чај од камилица барем еднаш дневно.

Имате лош здив ? Пробајте магдонос !

Магдоносот успешно ги уништува бактериите кои предизвикуваат лош здив. Кога ќе мислите дека е потребно, џвакајте магдонос барем пет минути.

Отоците и воспаленијата намалете ги со облоги од листови зелка

Листовите од зелка ги препорачуваат и лекарите, особено кога се во прашање отоците и воспаленијата. Еден или повеќе листови, директно притиснете на местото кое е отечено или воспалено и прицврстете со завој. Облогата можете да ја држите и во текот на ноќта/

Испуканите усни лечете ги со мед

Медот има антибактериски својства и влијае на опоравувањето. Навлажнете ги усните со млака вода, ставете мал слој мед и почекајте извесно време да се исуши. После тоа нанесете парафин и оставете го 15 минути. Сето тоа отстранете го со памук кој претходно сте го натопиле во топла вода. Повторувајте го ова секој ден, неколку недели…

Напиши коментар