Потребни состојки:
– 5 жолчки
– 200 гр шеќер во прав
– 600 гр мелена плазма
– 100 гр мелени бадеми
– 125 гр путер
– 2 дл сок од праска
– слатка павлака
– 2 реда чоколада за готвење
Подготовка:
Жолчките и шеќерот изматете ги на пареа. Мелената плазма соедните ја со мелените бадеми и прелијте ги со сокот од праска. Додадете го кремот од жолчки и шеќер, а потоа додадете го претходно изматениот путер. Ставете ја смесата во калап и целата премачкајте ја со изматена слатка павлака. Декорирајте со изрендана чоколада и рендани бадеми.