Дестинации

Бахамите – тука ќе го најдете својот мир

Бахамите и нивното бескрајно чисто небо споени со тиркизната  темпераментна морска вода, се дом на Ocean Club, местото кое е специфично по кристалесто- белата песок и привилегираната можност за допир со уникатните светски богатства.

Познато по легендарната софистицираност и современата елеганција, ова место била некогашна сопственост на еден од најбогатите луѓе на светот. Денес овој заводлив простор е благородничка локација за многу туристи.

Големите тревници и прекрасните кокосови насади обезбедуваат волшебно чиста позадина која истовремено е и терапија за очите но и баланс за Вашиот ментален склоп после напорното работење.

Секој би сакал за миг да се смести во некоја од 105-те луксузни соби, опремени во модерна стилска линија, да биде послужуван од целодневно достапната услуга или едноставно да се нурне во некој од бескрајните базени кои истовремено Ви даваат контакт со преубавата градина. Ако и Вие за момент би сакале да се најдете таму, направете ја вистинската одлука и дозволете си заслужено парче рај.

Напиши коментар