Дестинации

Бајките се возможни…на планинското одмаралиште во Монтана, Сад

Замислете да бидете сместени во место кое може да им парира на замоците од бајките?  За да не останете само со Вашата имагинација, Ви потврдуваме дека такво место навистина постои…

Slopeside Chalets е ски ресортот, кој се наоѓа во екслузивниот Yellowstone Club во Big Sky, Montana. Концептот на овој проект, содржи две резиденции со неверојатен планински поглед. Архитектите на ова ремек дело фокусот го ставаат во паралелниот свет на природата, кој без разлика дали сте сами, со Вашата фамилија или со пријателите, ќе ви го создаде единственото чувство, да бидете во светот на бајките.

Луксузно опремениот ски ресорт, содржи бар, библиотека, ски соба и ски терени од светска категорија, а дополнителната нота на софистицираност е само споредна причина која ќе Ве натера да останете…што подолго…

После следниве фотографии…уверете се со погоре кажаното…Бајките се сепак возможни !

Напиши коментар