ШоуБиз

Бакнеж пред јавноста!

На овогодинешното доделување на MTV VMA Awards  Ријана го потврди она што го кажа во шоуто на Опра. Таа и Крис се бакнаа пред очите на јавноста. Нивната хемија не успева да се сокрие, па дури и кога сегашните партнери се до нив. Дрејк беше исто така присутен на оваа манифестација, но не се знае како тој одреагирал на овој бакнеж.

Ријана се појави во бел фустан со длабок отвор на грбот и со променета фризура. За настапот пак таа се пресоблече во црвени кожни панталони и црвена транспарентна кошула. На ова доделување Ријана ја доби наградата за најдобар видео запис за оваа година, а тоа е спотот за песната We found love.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=WyzPwmBwlW0

Напиши коментар