Иако во последно време се шпекулира дека прекинале, фотографијата го докажа токму спротивното.
На страната LittleMonsters.com објавена е фотографија од поп дивата Лејди Гага и нејзиниот дечко Тејлор Кени. И тоа каква фотографија: двајцата голи во базен уживаат во нежностите.
“Т & јас”, стоело под фотографијата, која од непознати причини по некое време била отстранета.
Да ве потсетиме, Гага 31-годишниот Кени го запознала на снимањето на спотот за песната You and I, а по шпекулациите дека прекинале поради напорното темпо на нејзината светска турнеја, се чини дека со заљубениот пар се е во најдобар ред.
