Состојки:
180 гр. Маргарин
180 гр. Шеќер
180 гр. Брашно
3 јајца
Пециво
1 мала лажичка сода
1 мала лажичка ванилин шеќер
2 мали лажички цимет
75 гр. Рендано чоколадо
3 зрели банани
Подготовка:
Маргаринот и шеќерот добро сматете ги, потоа додавајте едно по едно јајце. Смесата добро се меша после секое ставено јајце во неа. Брашното, пецивото, содата, ванилин шеќер и циметот измешајте ги во една здела и потоа истурете ги врз тестото. Сето тоа заедно добро измешајте го. На крај издробете ги бананите и заедно со чоколадото додадете ги во тестото.
Колачот се пече 55 минути на 180 степени.
