Мојата кујна

Бананачинки

Вкусни палачинки на Американски начин…

Вкусот ќе ве изненади!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце

1 ванилин шеќер

½ шолја млеко

½ шолја гриз

½ шолја остро брашно

½ лажичка прашок за печиво

1 банана

Прелив од чоколадо

( шолја = 2 децилитра )

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одвојте ја белката од жолчката, направете шлаг од белката.

Изматете ја жолчката, млекото и ванилиниот шеќер. Во смесата додадете ги брашното, гризот, прашокот за печиво и бананата и кратко миксирајте. Во смесата додадете го претходно спремениот шлаг од белките и мешајте со лажица.

Загрејте ја тавата, премачкајте ја со малку масло за јадење. Од смесата за палачинки земете со поголема лажица и ставете во тавата. И направете палачинки.

Од предложената количина на состојки испаѓаат од 10 до 12 палачинки со средна големина.

Палачинките можете да ги послужите со додатоци по желба, еурокрем, мармалад, мед или некој друг подготвен благ сос…

 

Уживајте!!!

Напиши коментар