Здраво тело

Бананата ја намалува главоболката

Бананата е добра за желудникот и срцето, дава енергија, а истражувањата покажуваат и дека е одличен лек против главоболка. Најдобро делува кога се јаде сечена на тенки парчиња и бавно.

Ова јужно овошје е богато со калиум, минерал кој ја поттикнува циркулацијата на крвта, ги регулира работата на срцето и крвниот притисок. Доколку бананата не е презрела, содржи и големи количества на скроб кој експресно ја подигнува енергијата и ја обновува силата.Исто така бананата изобилува и со целулоза која е одлична за варењето, кое исто така може да биде причинител на главоболка. За да биде поделотворна, бананата треба да се јаде на празен желудник, а во комбинација со чај од камилица е одличен седатив и средство против стрес.

Напиши коментар