ШоуБиз

Бар Рафаели сака да стане тенисерка :)

По позирањето со Рафаел Надал, дојде време Бар Рафаели сама да го земе рекетот во рака.

Манекенката Рафаели (26) направила слики за новата колекција долна облека и тоа со нејзин личен потпис. Израелската манекенка позирала облечена во долна облека која сама ја дизајнирала, а името на колекцијата гласи „Under Me“. Фотосесијата е направена на тениски терен.

Рафаели позира во бели спортски гаќички и спортски градник. Од другата страна на мрежата, секако, немало никој.

Оваа колекција била пуштена во продажба на Денот за вљубените, а сликите се објавени неколку дена подоцна од причина што Бар снимаше едиторијал заедно со вторинот светски рекет за списанието „Sports Ilustrated“.

Напиши коментар