ШоуБиз

Барак Обама на „Американски идол“?!

Американскиот претседател Барак Обама добил покана да настапи во шоу програмата „Американски идол“ и да отпее една песна со Ал Грин.

На почетокот на јануари, Барак отпеа неколку стухови од хитот на Грин „Let’s Stay Together“,која потоа стана официјална песна на неговата кампања. Инаку, Обама во емисијата е поканет по пат на Твитер, од страна на Најџел Литгоу.

–          Ни се допаѓаат вашите гласовни способности и ве повикувам да бидете дел од нашето шоу „Американски идол“ и да отпеете една песна во дует заедно со Ал Грин, – навел Литгоу.

Засега од Белата Куќа нема никаков одговор, иако многумина веќе однапред почнаа да му се радуваат на тој спектакл.

Напиши коментар