Најновата колекција на Долче и Габана, освен свечените фустани во барок стил, претстави и прекрасни и необични венчаници.
Колекцијата е наменета за сезоната есен/зима 2012-2013 година и е направена во барок романтизам стил, со многу нијанси на бела боја украсени со мешавина на дезени во други бои.
„Појдовната точка на оваа колекција е Сицилијанскиот барок, кој едноставно прекрасно ја врамува женската фигура и и дава раскош, но и елеганција. Фустаните се украсени со декор, везови и дезени инспирирани од барокот, па изгледаат како да се извадени од некоја средновековна фотографија“, коментираат модните критичари.










