Басистот на бендот „Пинк Флојд“ се оженил по четврти пат и тоа со долгогодишната девојка Лаура Дарнинг.
Роџер Вотерс (68) и Лаура се во врска од 2004 година, а се венчале изминатиов викенд. На церемонијата присуствувале само најблиските роднини и пријатели.
– Се венчавме пред некој ден и невестата беше преубава. Ја обожавам, – изјавил Роџер при јавувањето во живо во една британска радио емисија.