Дестинации

Базен претворен во музеј… – Кога модерното се стреми кон историјата

Во последните години на дваесеттиот век, градоначалникот на Лил, Франција имал дилема. Истата ја решил, со затварање на базенот во малиот град Рубе и тоа од безбедносни причини.

Како и да е последицата од оваа дилема, денес е едно од најпосетуваните места во Франција. Всушност, овој базен бил затворен, но не и уништен. Неговата убавина послужила како дополнителен декор на Арт Деко архитектурата. Базенот…е претворен во музеј. Постапката за трансформацијата започнала пред десет години и била успешно реализирана за кратко време. Не само што била реализирана, туку и ги надминала очекувањата. La Piscina, музејот на слоновата уметност, е место кое денес го привлекува вниманието на илјадници вљубеници во уметноста. „ Капачите“ на ова неодоливо „огледало“ се направени од камен, но духот на базенот живее во неодоливиот Арт Деко сјај.

Доколку сте во можност да ја посетите земјата на уметноста, не заборавајте да уживате во комбинацијата на емоции која ќе Ви ја овозможи овој музеј.

Напиши коментар