Ефектите на црниот чај ни се оддамна познати. Овој пијалок го стимулира правилното функционирање на нашиот организам, ја намалува поспаноста, и го брише уморот од лицето. Тој е важен извор на витамините Ц и Е, а докажано е дека тој делува и антибактериски. Црниот чај исто така може да се користи во третманите за убавина.
Тргнете ги подочниците
Облогите од црн чај може да ви помогнат да ги избришете подочниците за 20 минути. Кесичките од чајот ставете ги под очите и оставете ги нека делуваат 10 до 20 минути.
Рецепт за убави усни
Црниот чај им помага на усните да ја задржат влажноста и мекоста. Ставете кесичка црн чај на усните и држете ја 5 минути. По третманот измијте ја устата.
Го зголемува сјајот на косата
Сварете две шолји чај и нанесете го на мокра коса, која претходно сте ја измиле со шампон. По ова косата ќе има неверојатен сјај.
Против непријатен мирис на стапалата
Танинот во чајот помага во борба со бактериите кои се развиваат во стапалата. Потопете ги стапалата во црн чај и оставете ги 20 минути. Потоа нема да има потреба од измивање.