Motherhood

Бебешки пижами со сензори – одговор на бебешкото однесување

Пижамите за бебе, осмислени во Британија, би можеле да бидат од голема помош за родителите, бидејќи се опремени со биосензори, термометри и монитор и го објаснуваат бебешкото однесување.

Пижамите се наречени „ Exmobaby “, а со помош на SMS и E- mail ги известуваат родителите зошто нивното дете е нервозно, вознемирено или плачливо. Секое „ паметно одело “ ќе има софтвер кој ќе ги објаснува симптомите на бебешкото однесување.

Сензорите се вградени во материјали, а меѓу другото, ги известуваат родителите кога е време да го пресоблечат бебето, така што го регистрираат нивото на влажност.

Идејните творци на овие пижами, трагаат по волонтери кои ќе го тестираат овој необичен модел, а пожелно е тоа да бидат неискусни родители кои недоволно знаат да се снајдат со однесувањето на бебето и паничат. Се проценува дека пижамите би имале цена од 100 американски долари.

Напиши коментар