Motherhood

Бебињата го сакаат звукот од фен

Сите сетила функционираат одлично во првите денови од животот, а новороденчето како сунѓер ги впива секој звук, слика и мирис. На бебињата ги смируваат сите звуци кои се слични на оние кои ги имаат слушнато во стомакот.

Можеби Вие си мислите дека новороденчињата во првите недели не знаат да прават ништо освен да јадат, спијат и да плачат, меѓутоа не е така. Сите сетила, совршено функционираат во првите недели. Видот на секое бебе е прецизно прилагоден, така што, може да го види она што му е најбитно, а тоа се лицата на родителите. Кога бебето го држиме во раце, тоа го изострува погледот, фокусирајќи се кон ликот што го држи, најчесто ликовите на мама и тато, меѓутоа, тешко го задржува вниманието. Често гледа во стаклото, во кое се рефлектираат сончевите зраци кои за него се многу интересни или со погледот ги следи личностите и предметите во движење. Што се однесува до боите, бебињата повеќе ги гледаан контрастните бои и не прават разлика помеѓу сличните нијанси, а вниманието им го привлекуваат црно- белите предмети.

И сетилото за слух е активно. Новороденчето ги слуша звуковите околу него уште во стомакот. Прво го слуша срцето на мајката и сите останати звуци во мајчината утроба. Потоа, бебето може да ги слушне и надворешните гласови на оние кои зборуваат со мајката и може да слушне и музика. Кога ќе се роди, звуците стануваат се побучни и појасни и затоа бебињата стануваат чувствителни на гласни и изненадни звуци. Кога ќе слушне фен или правосмукалка, најчесто ќе се смири, бидејќи нивниот звук е сличен на звуците во стомакот.

Се претпоставува дека кај бебињата, доста е развиено сетилото за мирис. Истражувањата покажуваат дека бебето попрво би пиело блага вода, отколку течност со кисела или лута содржина, поради која, би ја свртело главата…

Напиши коментар