ШоуБиз

Beckham-ови вљубени и засрамени :)

Камерите ги фатиле славните Beckham-ови како се бакнуваат во јавност, а по настанот и двајцата се засрамиле.

На натпреварот на кој играле познатите Лејкерси, David и Victoria Beckham не биле во центарот на вниманието бидејќи се љубители на кошарката, туку поради традиционалното зезање на натпреварите од NBA лигата, по пат на познатата „Kiss Cam“. Кога некој пар јавно ќе ја покаже својата љубов, камерите веднаш го фаќаат и покажуваат во живо на големите видео бимови.

Иако се во брак 13 години и имаат четири деца, и двајцата се однесувале како тинејџери, а кога го здогледале својот бакнеж на големиот екран, поцрвенеле од срам.

Погледнете ја и сами оваа ситуација:

http://www.youtube.com/watch?v=ePJiErItnyI&feature=player_embedded

Напиши коментар