ШоуБиз

Бекам сеуште се тужи со проститутката!

Адвокатите на Дејвид Бекам оваа недела поднеле нова жалба против Ирма Ничи (26) од која бараат отштета од 25 милиони бидејќи немало докази за нејзините обвинувања. Ничи за списанието „InTouch“ изјавила дека Бекам за секс во Њујорк и Лондон ѝ плаќал по десетина илјади долари и дека е општо познато дека сите познати фудбалери го прават истото што и тој.

Меѓутоа, Дејвид веднаш ги негирал обвиненијата и поднел тужба, која била одбиена од судот во Лос Анџелес со образложение дека „во новинарскиот текст немало клевета и дека текстот е објавен во интерес на јавноста. Списанието го објавило текстот од причина што сметале дека Ирма ја говори вистината“.

Сепак, адвокатите на Бекам повторно поднеле жалба со надеж дека овој пат ќе го добијат случајот. Ирма пак, им возвратила со против тужба за „душевна и физичка болка“. Засега, се чека да се одреди ново рочиште.

Напиши коментар