Мојата кујна

Бела нутела…

Микс од бела чоколада, бадеми, мед, ….

Потребни состојки:

–      4 полни лажици печени бадеми

–      100 гр бела чоколада

–      100 мл слатка павлака

–      90 гр путер

–      1 лажива џем од праски

–      1 лажица мед

Подготовка:

Излупете ги бадемите и малку запечете ги, па смелете ги. Слатката павлака ставете ја во сад на оган. Кога ќе се стопли во неа ставете ја изренданата бела чоколада. Во растопената смеса ставете го путерот исецкан на коцки и се тоа добро измешајте го за да се соедини. Додајте ги и бадемите. За да се збогати вкусот ставете и една лажица мед и џем од праска. Добиената бела нутела ставете ја во стаклен сад за да се излади.

 

Напиши коментар