ШоуБиз

Белешка со ракописот на Steve Jobs за 15 илјадарчиња :)

Аукциската куќа „Sotheby“ продава мал дел од историјата на „Apple“ – една белешка која ја напишал Steve Jobs кога имал само 19 години, многу време пред оваа компанија да биде основана. Ова парче хартија се смета за првиот официјален документ на Jobs.

Белешката датира од времето кога Steve работел за „Atari“, каде скори сите го мразеле бидејќи не се бањал често и постојано ги навредувал колегите. Се работи за 1974 година, кога тој бил префрлен да работи ноќна смена, за да не му пречи на никого. На документот се забележани промени во една фудбалска игра.

На ливчето всушност нема ништо интересно, но за многу колекционери тоа не е важно. Она што ги интригира е дека е напишано од раката на Jobs.

Вредноста на белешката се проценува на сума од 10.000 до 15.000 долари.

Напиши коментар