Потребни состојки:
– 200 гр маргарин
– 200 гр шеќер во прав
– 2 кесички ванилин шеќер
– 250 гр кокосово брашно
– 2 лажички рум
– Една кесичка инстант кафе
За глазурата:
– 200 гр бела чоколада
– 5 лажици масло
Подготовка:
Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте го кокосовото брашно. Загрејте го румот и во него сипете го инстант кафето. Измешајте го со смесата која ја подготвивте и оставете ја нека се излади. Потоа од смесата правете мали топчиња. Ставете ги топчињата во фрижидер да се стегнат, а за тоа време направете го преливот. Ставете го маслото и белата чоколада на умерен оган да се растопат. Откако ќе добиете еднолична смеса, секоја бомбица боцнете ја на чепкалка и потопете ја во белиот сос. Одозгора може да ги прелиете со чоколаден прелив или пак да ги посипете со сецкани ореви или лешници.
