Мојата кујна

Бели коцки

Вкусни солени коцки на кои не може да им одолеете…

Потребни состојки за кората:

–      4 јајца

–      2 дл јогурт

–      шолја брашно

–      пола лажичка сол

–      пола кесичка пециво

–     малку масло

Потребни состојки за филот:

–      1 струк праз

–      1 морков

–      400 гр бело пилешко месо

–      250 гр фета сирење

–      3 лажици мајонез

–      1 дл павлака

–      зачини

За декорација:

–      1 дл павлака

–      3 лажици мајонез

–      200 гр кашкавал

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги, посолете ги па додајте го јогуртот, потоа брашното со пецивото. Убаво промешајте и на крајот додајте го цврстиот снег од изматените белки. Смесата ставете ја во плех за печење обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Ситно исецкајте го празот, изрендајте го морковот и белото месо исецкајте го на коцки. Динстајте го со малку масло. Зачинете по ваш вкус. Изгмечете го сирењето, додајте ја павлаката и мајонезот и додајте го во изладената смеса. Убаво измешајте и премачкајте ја изладената кора. Во друг сад измешајте 1 дл павлака со мајонез и со оваа смеса премачкајте преку филот. Одозгора изрендајте кашкавал.

Напиши коментар