ШоуБиз

Berlusconi терал танчерка да се облече како Obama :)

Доминиканката Marysthell Garcia Polanco, која била дел од забавите кои ги приредувал поранешниот италијански премиер Silvio Berlusconi, посведочила на суд дека Berlusconi ја терал да се облече како американскиот претседател Obama и да игра така облечена.

Девојката е член на танчерската група „Muñecas con Clase“, а за време на рочиштето изминатиов викенд изјавила дека морала да го отелотвори и обвинителот Ilda Boccassini. Според неа, забавите биле „невини“, а бурлеските од кои била дел немале порнографска природа.

–          Облекував тога, глумев дека сум Boccassini и го смеев. Се облекував и како Obama, – изјавила 28-годишната танчерка.

Berlusconi завршил на суд бидејќи наводно платил за секс со малолетна проститутка од Мароко, а ја искористил својата моќ за да се извлече од затвор.

Напиши коментар