Bernie Ecclestone планира повторно да стапне на лудиот камен. Иако по разводот со Slavica изјави дека ќе остане сам до крајот на животот, изгледа работите се смениле. Bernie се предомислил и ја запросил својата млада девојка, бразилката Fabiana Flosi.
– Официјално сме свршени, а свршувачката нема да трае долго. Многу сме среќни заедно. Прашањето не е дали ќе се венчаме, туку каде и кога ќе го направиме тоа. Датумот уште не ни е одреден, – изјавил Bernie.
И покрај разликата од 46 години, Bernie тврди дека тие двајца одлично се согласуваат.
– Се согласуваме неверојатно добро. Заедно сме веќе две години и тоа најмногу поради смислата за хумор на Fabiana, а тоа мора да го има кој и да живее со мене. Сепак, мислам дека сум добар човек и дека таа е вистинска среќничка, – додава тој.
Неговите ќерки наводно се помириле со оваа одлука на татко си, иако на почеток се противеле на врската.
