ШоуБиз

Бескуќник го тужи Еминем!

Американецот Стивен Ли Пик поднел тужба против раперот Еминем која тежи девет милиони долари. Според него, Еминем му ја украл идејата за реклама снимена за „Крајслер“. Оваа тужба за кражба на идеја е покрената во судот во Њујорк, а Стивен кој е бескуќник, тврди дека Еминем од него ја добил идејата за рекламата „Born of Fire“ која била емитувана за Супербол купот во 2011 година.

Пик наводно разговарал со Кристина Агилера за рекламата, а таа му се јавила на Еминем, на кој бескуќникот му ја предложил идејата.

–          Ја смислив рекламата, а не добив никаков надомест за тоа. Сакам да ми се исплатат девет милиони долари оштета, – биле зборовите на Пик.

Напиши коментар