Е ова е колекција на венчаници која дефинитивно ќе ве остави без здив со својата елеганција и чистина.
Станува збор за најновата пролетна колекција на дизајнерската куќа White One, составена од прекрасни снежно бели венчаници направени за елегантни и грациозни невести.
Од колекцијата најмногу се издвојуваат венчаниците направени во стилот на грчките божици, во кои секоја невеста ќе изгледа навистина божествено.








