ШоуБиз

Beyonce блеска… пресреќна е!

Една од најпопуларните ѕвезди на денешницата неодамна стана мајка. Сега папараците постојано ја следат и ја сликаат заедно со малата Ivy Blue. Претпоставувате дека се работи за Beyonce.

Пејачката го искористила сјајниот сончев ден и се прошетала со своето новороденче. Иако додека беше бремена постојано носеше високи потпетици, сега се одлучила за малку полежерно издание и си обула ниски, рамни чевли во комбинација со црно сако, насмевка на лицето и малата принцеза во своите прегратки.

Еве што кажал таткото на Beyonce за малата внука:

–          Ја видов пред два дена. За три недели Ivy видно пораснала. Верувам дека ќе биде висока девојка. Што ѝ да посака, ќе добие, ќе биде многу среќна во својот живот. Ако намисли да стане докторка, родителите ќе најдат начин да ѝ купат болница, – заклучил тој.

Напиши коментар