Таа дефинитивно е навикната да добива награди за своите песни, но овој пат станува збор за награда поврзана со проза…
Beyonce Knowles е добитничка на наградата која ја доделува Здружението на афроамерикански новинари за најдобра статија на тема уметност и забава, во категоријата списанија.
Beyonce е наградена за статијата со наслов „Јади, играј и љуби“, која ја напишала во јули, минатата година за списанието „Essence“. Во таа статија, пејачката опишала колку ѝ се променил животот откако направила пауза со кариерата.
Пејачката изјавила дека ѝ е многу драго што добила една ваква поинаква награда, поразлична од оние на кои е навикната и дека навистина се потрудила да го остави срцето во статијата.
