Иако беше прогласена за најубава жена во 2011 година од страна на списанието „People“, очигледно мајчинството оставило траги врз дивата Beyonce.
Неодамна била забележана со сопругот како оди на вечера без трошка шминка на себе, а ја носела истата облека од претходната вечер. Но, не можеме да негираме дека и без шминка Beyonce изгледа убаво и свежо.
Пејачката изјави и дека сега сама си ја крати косата и малку ѝ е чудно што вртоглаво високите чевли ги заменила со рамни или евентурално со обични чевли со далеку пониски потпетици.
– Се чувствувам поубаво од било кога, сега кога се породив. Никогаш не сум се чувствувала толку поврзано, никогаш не помислив дека имав таква голема цел во мојот живот, – била изјавата на пејачката за списанието.

