ШоуБиз

Beyonce го отвори семејниот албум! :)

Beyonce, која штотуку ја прослави 4-годишнината од нејзиниот брак со Jay Z, решила да не почести со неколку слики од нејзиниот приватен албум. Сликите се наоѓаат на посебна веб страна која го носи името на пејачката и гласи Beyonce.com. Не сите слики се од оваа година, некои се стари и по неколку години.

Во една порака за своите фанови таа вели:

–          Помина прилично доста време и конечно си имам свое место на мрежата.

Освен албуми со слики, на страната може да се најде музиката на Beyonce, потоа датуми од нејзини концерти и можност да ѝ се прати приватна порака на пејачката.

Дизајнерот Matthew Siskin неодамна на својот Твитер напишал дека не ни спиел сѐ додека веб страната не биде готова во целост.

Write A Comment