Убавина

Beyonce ја откри тајната како ги симна вишокот килограми

Новопечената мајка Beyonce, се најде на листата на ѕвезди кои набрзина усепаа да ги симнат вишокот килограми. За само неколку месеци по породувањето таа се појави на црвениот тепих во неверојатно секси издание.

“Во текот на бременоста се здебелив прилично многу, моето тело потполно се изобличи, толку многу што ни самата не можев да си го препознаам. Поминаа само два месеци по породувањето, и веќе не се ни познава дека сум родила. Моето тело е како што изгледаше порано. Сето тоа се должи на тоа што ја доев Ivy Blue”, открила пејачката.

Со она што го кажа Beyonce се сложуваат многу стручни лица. И тие советуваат мајките да ги дојат бебињата. Тоа е добро и за мајките и за малите. Бебињата се хранат квалитетно, а мајката слабее. Освен тоа, што е уште поважно блискоста која се постигнува со дењето е незаменлива.

Освен доењето, Beyonce практикува да оди во теретана по три пати во неделата, а воедно внимава и на калориите кои ги внесува.

Напиши коментар