ШоуБиз

Beyonce ќе искешира 100 милиони под казна

Компанијата Gate Five доби зелено светло за тужба против Beyonce. Таа наводно го прекршила договорот според кој требала да се појави во една компјутерска игра.

Насловот на играта требал да биде “Strarpower Beyonce”, а пејачката за тоа требала да добие 20 милиони долари.

Портпаролот на Beyonce пак вели дека таа морала да се повлече од проектот затоа што од компанијата не стигнале на време да ги обезбедат финансиите за развој на играта која требало да се игра со помош на сензори на движења, па се претпоставува дека станува збор за танцот на пејачката.

 

Напиши коментар