Девојки, ја имате привилегијата да се облечете според вкусот на една од жените која во моментов го владее светот. И со својот глас и со својот изглед, но дефинитивно и со својот вкус на облекување…
Couture. Kick. Soul. Ова се зборовите со кои познатата дива, Beyonce, ја опишува својата модна линија House of Dereon, која ја води заедно со својата мајка и нејзин стилист. Назиовот на колекцијата пак, потекнува од презимето на нејзината баба. Токму поради нејзиниот стил, кој Beyonce го опишува како елегантен и безвременски.
Познатата пејачка, оваа модна куќа ја нарекува „ семејна афера “, која е инспирирана од три генерации на жени со заедничка љубов спрема стилот и модата. Во најновата, летна колекција, Beyonce им предлага на сите девојки да носат што повеќе бои и да се чувствуваат заводливо во лежерни модели, но и провокативни модели, тесни и кратки фустанчиња, со какви што настапува. Доколку не сакате да изгледате провокативно, тогаш бидете романтични и инспирирајте се со интересните, долги, дезенирани фустанчиња, кои исто така се дел од новата колекција.








