Само што најави враќање на музичката сцена по раѓањето на ќерката Blue Ivy, американските медиуми ја раширија веста дека Beyonce е повторно бремена. Не знаеме колку овие извори се веродостојни и дали вреди да им се верува, но мислам дека е фер со вас да ја споделиме оваа, наводна радосна вест.
Интернет порталот кој прв ја објавил веста се потпира на „извор близок до пејачката“ кој тврди дека Beyonce е втор месец бремена и дека веќе престанала да конзумира алкохол, а секако внимава и што јаде.
Порталот „Media TakeOut.com“ исто така пишува дека среќните родители оваа вест официјално планираат да објават кон средината на ова лето.
Blue Ivy се роди пред само пет месеци. Дали оваа вест е точна, останува допрва да видиме.
