ШоуБиз

Beyonce предаторски ја крие малата :)

Новопечената мајка повторно излегла да ја прошета својата ќеркичка Ivy Blue Carter, но пред тоа се потрудила добро да ја заштити од блицевите на папараците.

Популарната Beyonce и ќерката се сликани во вторникот на опуштена прошетка низ Њујорк.

Пејачката носела жолти потпетици во комбинација со сиви фармерки и сив џемпер. Таа нормално претпоставувала дека ќе биде забележана од фотографите, па со соодветна гардероба ја прекрила малата Ivy Blue.

Иако немавме прилика досега да ја видиме малата ѕведзда, освен на сликите кои Beyonce и Jay Z решија да ги споделат со нас, во американските медиуми се пишува дека пејачката е опседната со гардеробата за бебето, па знае да потроши и по 1.500 долари на едно парче облека за малата.

Напиши коментар